1. Како би се опишала себеси во три зборови?
Амбициозна, упорна и своја.
2. Што те натера да продолжиш со манекенството и денес?
Љубовта кон сцената, модата и чувството кога сум дел од нешто креативно. Со текот на годините сфатив дека ова е нешто во кое навистина уживам.
3. Каков е животот на една манекенка во Македонија?
Интересен, но не секогаш лесен. Има многу убави моменти, но зад секоја фотографија, ревија или настап стојат труд, дисциплина и многу работа.
4. Дали манекенството е само убавина и фотографирање?
Апсолутно не. Бара карактер, самодоверба, професионалност и способност да се снајдеш во различни ситуации.

5. Кој момент од твојата кариера најмногу ти останал во сеќавање?
Секој успех ми носи посебна емоција, особено кога знам колку труд сум вложила за да стигнам до тој момент.
6. Покрај манекенството, те привлекува и физиотерапијата. Зошто?
Затоа што сакам професија преку која можам да им помогнам на луѓето. Физиотерапијата ми е интересна затоа што го спојува знаењето, медицината и работата со луѓе.
7. Како успеваш да ги балансираш различните интереси?
Со организација и дисциплина. Не е секогаш лесно, но кога нешто навистина го сакаш, наоѓаш начин да го вклопиш во својот живот.
8. Дали некогаш си имала момент кога си сакала да се откажеш?
Секако. Но секој таков момент ме направил уште посилна и ме потсетил зошто сум започнала.
9. Што научи за пријателствата преку манекенството?
Дека вистинските пријатели не се плашат од твојот успех. Највредни се луѓето кои искрено се радуваат кога ти оди добро.

10. Дали мислиш дека постои конкуренција меѓу манекенките?
Конкуренција постои, но јас повеќе верувам во тоа секој да се натпреварува со својата вчерашна верзија.
11. Што е најтешко кога си пред камера?
Да останеш целосно природна. Понекогаш најдобрата фотографија е токму онаа во која едноставно си своја.
12. Што значи за тебе вистинската убавина?
Убавината не е само физички изглед. За мене, таа е комбинација од самодоверба, карактер, енергија и начинот на кој се однесуваш кон другите.
13. Каде се гледаш во иднина?
Се гледам успешна во повеќе области – на факултет, во медицината, во манекенството и во мојата агенција. Сакам да изградам кариера во која ќе се препознавам себеси.
14. Дали подготвуваш нешто ново во 2026 година?
Да, имам неколку нови проекти на кои работам, како и можности за учество во нови спотови и други интересни ангажмани. Сакам 2026 да биде година на нови искуства и нови чекори.
15. Ако можеш да ѝ дадеш еден совет на 13-годишната Јоана, што би ѝ кажала?
„Не се споредувај со никого. Верувај си, работи на себе и не дозволувај туѓото мислење да ти ја одреди вредноста.”
